Во рок од три дена штипската Клиничка болница треба да изготви извештај и да го извести Државниот санитарен и здраствен инспекторат за утврдената фактичка состојба околу лекувањето на починатата 41-годишна пациентка која што утрото на 14 ноември почина од компликации од ковид 19.
„ Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на Комисијата. Независно од работата на Комисијата, во текот на денешниот ДСЗИ ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациентката“, стои во нивното соопштение.
Решението во текот на вчерашниот ден од страна на ДСЗИ ПО Штип доставено е по електронски пат, а во текот на денешниот ден и во хартиена форма. Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата, информираат од Министерство за здравство.
Случајот во јавноста го актуелизира ќерката на починатата 41-годишна жена, која во пост на ФБ му се обрати на Министерот Филипче, реагирајќи дека , кога на нејзината мајка и’ била потребна кислородна поддршка, никој не реагирал.
Потпаролката на штипската Клиничка болница, Марина Шуманска за ММС потврди дека во текот на вчерашниот ден во болницата се отворени уште две телефонски линии, и со претходните две, пациентите на четири телефонски линии ќе можат да контактираатсо лекарите и сестрите.
В.Кр