Штип: Повторна јавна презентација и јавна анкета за измена и дополнување на ДУП на дел од „Автокоманда“, дел од УБ 28 – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 1:36 PM

Штип: Повторна јавна презентација и јавна анкета за измена и дополнување на ДУП на дел од „Автокоманда“, дел од УБ 28

Ќе се организира повторна јавна презентација и јавна анкета по Предлог-планот за измена и дополнување на ДУП на дел од „Автокоманда“, дел од УБ 28 со тех.бр. 21/2019, изработен од ЈП „Стипион 2011“- Штип.

Планскиот опфат се протега во следните граници:

Север – осовина на улица 4 Јули;

Исток – осовина на пешачки премин на улица Пиринска;

Југ – осовина на улицата Пиринска;

Запад – осовина на пешачки премин.

Повторната јавна презентација и јавна анкета ќе се спроведе со изложување на на Предлог-планот во просториите на локалната самоуправа на Општина Штип. Повторната јавна анкета ќе трае пет работни дена, започнувајќи три дена од денот на објавувањето на соопштението во две јавни гласила, секоја работен ден од 7.30 до 15.30 часот, односно од 19 до 25 ноември 2020 година. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 24 ноември 2020 година во 12 часот во просториите на Општина Штип.