Дваесетгодишна девојка од Кочани вчеравечер во полиција пријавила дека во периодот од ноември лани до моментот на пријавување добивала закани дека ќе бидат објавени компромитирачки фотографии од неа. Заканите, според девојката, доаѓале од нејзин четириесет и шестгодишен сограѓанин кој исто така ја присилувал и да имаат сексуални односи.
МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.