Перу за една недела го доби третиот претседател на државата, откако 76-годишниот Франциско Сегасти беше изгласан за новата функција од страна на пратениците во парламентот со 97 гласови од 130.
Изгласувањето импичмент поради наводна корупција за довчерашниот претседател на државата, Мартин Вискара, предизвика сериозна политичка криза и протести по улиците на Лима и останатите градови во земјата.
Непосредно по неговото симнување од власт, функцијата претседател ја презеде Мануел Мерино, но по крвавите судири и билансот од двајца загинати и уште стотици повредени, Мерино си поднесе оставка.
Сегасти е дел од центристичката партија „Морадо“, која единствена не гласаше во законодавиот дом против импичментот на Вискара. Неговиот мандат ќе трае до јули следната година, односно до периодот на мандатот предвиден на неговиот легитимно избран претходник.