Во овие есенски денови кога температурите паѓаат, уживајте со домашен сладк леб, кој ќе му биде вкусен на целото семејство. Начинот на подготвка е едноставен, а вкусен фантастичен.
Потребни состојки:
300 гр. ситно несолено сирење или рикота
250 гр. шеќер
3 јајца
250 гр. брашно
50 мл. млеко
1 ќесичка прашок за печиво
Две раце суво грозје
Подготовка:
Изматете ги белките од јајцата со шеќерот. Во друг сад, со миксер изматете го сирењето со жолчките, а потоа додадете ги брашното, млекото и прашокот за печиво, па додадете ги белките. Во вака приготвената смеса измешајте го и сувото грозје.
Печете на 180 степени 35 до 45 минути у соодветен калап. Задолжително ставете и хартија за печење. Откако ќе се испече, оставете го лебот малку да се олади и исечете го на парчиња.
Извор: stil.kurir.rs


