Татко му ќе биде погребан со песната „Русокоса“ – Две испраќања на Киќо Слабинац во четврток – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 10:27 PM

Татко му ќе биде погребан со песната „Русокоса“ – Две испраќања на Киќо Слабинац во четврток

Последното збогување со Крунослав Киќо Слабинац ќе биде во четврток, 19 ноември во 12,40 часот на креаториумот во Загреб.

-Од татко ми ќе се збогуваме со звуците на една од неговите најубави песни, „Русокоса.  Тамбураши ќе ја изведат песната „Замина со мирисите на утрото“ – вели Павао Слабинац, син на легендарниот музичар, кој во четврток на последниот пат ќе биде испратен од неговите најблиски пријатели на звуците на „ ‘My Way“, но во верзијата на Елвис Присли, биејки многумина со право го нарекуваа Слабинац нашиот Елвис.

Во моментот кога Загреб ќе се збогува со Слабинац  последното „збогум“  на музичарот ќе ја каже и  родната Славонија. Бидејќи многумина нема да можат да присуствуваат на неговиот погреб поради пандемијата, колегите од огранокот на Хрватскиот музички сојуз во Осјек одлучија да организираат музичко збогување, па во четврток во 12,40 часот на плоштадот Анте Старчевиќ и на плоштадот Штросмајер во  Ѓаково ќе се отсвират две негови композиции. После тоа, тие ќе се упатат кон шеталиштето во Осиек да пуштат рози во реката Драва во негова чест, пишува  Јутарњи.

Членовите на семејството на починатиот музичар досега не ја потврдиле веста дека  Слабинац ќе биде погребан во Загребската Алеја на великаните на Мирогој. Но, како што неофицијално дознава Јутарњи, за тоа се дискутирало.

Извор и фото: jutarnji.hr