Кашлицата претставува грчевита контракција на мускулите, која може да се излечи и со нарoден лек. Доколку во млекото додадете жалфија овој проблем би можел да исчезне и преку ноќ. Жалфијата е многу моќен борец против кашлицата, а во комбинација сo млеко дава одлични резултати доколку се приготви на следниот начин:
Во тенџере ставете 250 мл млеко, додадете една супена лажица жалфија и гответе на мала температура до вриење.
Тргнете го тенџерето од шпоретот и во ваквиот напиток ставете една лажичка путер. Поклопете го тенџерето и оставете напитокот да отстои петнаесет минути.
Процедете го и додајте една лажичка мед. По желба, може да се додаде и куркума, по што е потребно добро да се промеша. Овој напиток пијте го еден час пред спиење.
Напомена: Овој народен лек не се препорачува за доилки и луѓе кои имаат проблеми со бубрезите.
Фото: Profimedia
Извор: stil.kurir.rs