(Видео) Пациенти со најтежок облик на корона завршуваат во „јама“ – Шокантно тврдење на медицинска сестра во САД – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 9:11 PM

(Видео) Пациенти со најтежок облик на корона завршуваат во „јама“ – Шокантно тврдење на медицинска сестра во САД

Тексас ja премина  brojkata od 20.000 смртни случаи од короната од почетокот на епидемијата, која, по Њујорк, стана федерална држава со најмногу жртви на вирусот во САД. Болниците се пред колапс, а „Њујорк пост“ ја пренесува приказната за медицинска сестра која е крајно вознемирувачка.

Таа ја спомна „јамата“, место што го нарекле и9нтерно, и тоа е просторија во која се испраќаат лугето без надеж. Пациенти од ковид кои на крајот – умираат.

-Во „јамата“ моравме да испратиме луѓе со најлоша клиничка слика. Видов дека многу луѓе починаа таму и имам чувство дека не мораа да умираат. Ниту еден пациент од „јамата“ не преживеа – изјави Лавана Риверс, која работеше во болничкиот центар во Ел Пасо.

Таа тврди дека на неа и на другите медицински сестри им биле дадени прецизни упатства како да се лекуваат пациентите во „јамата“. За разлика од другите одделенија, тука тие можеле да пробаат само ЦПР (реанимација) три пати, а потоа да се откажат. Нема четврти пат. Им беше наредено да не го прават тоа.

Ел Пасо минатата недела регистрирал повеќе од милион пациенти. Медицинската сестра Ривер упати сериозни и шокантни обвинувања дека лекарите од таа болница не ги третираат сите пациенти исто и дека не вложуваат доволно напори да ги спасат болните.

– Медицинската сестра која ме подучуваше таму имаше посебна пациентка, ја нарекоа ВИП пациентка. Сопругата на докторот. Нема што не и дадоа. И погодете што, од сите оние со тешка слика, се извлече само таа – рече таа.

Од болницата одговорија на ова велејќи дека споменатата медицинска сестра работела таму како испомош и дека, и покрај тоа што биле сочувствителни на напорната работа и емоционалниот шок низ кој минуваат илјадници здравствени работници, тие не можат да ги потврдат овие тврдења.

Извор: srbijadanas.com