Видео-игрите ги прават луѓето поскреќни: Истражување на Универзитетот „Оксфорд” – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 8:37 PM

Видео-игрите ги прават луѓето поскреќни: Истражување на Универзитетот „Оксфорд”

Истражувањето реализирано од страна на Институтот за интернет при Универзитетот „Оксфорд“ откри дека играњето видео-игри подолго време ги прави луѓето посреќни, пренесува „Анадолија“,

Според веста на „Би-Би-Си”(BBC), во ова истражување учествуваа 3.274 играчи на возраст од над 18 години, а истражувањето е фокусирано на две игри од две компании.

Овие компании споделија податоци во врска со тоа колку време корисниците играат и во врска со нивниот перформанс.

Собраните податоци беа споредени со одговорите од анкетите реализирани од страна на играчите на видео-игри во врска со нивото на нивната радост.

Ендру Прибилски, професор кој го предводи ова истражување нагласи дека наодите се изненадувачки, и дека лицето кое 4 часа дневно игра видео-игри е посреќно од лицето кое не игра.

Toj потсети дека истражувањата направени пред 40 години покажале дека луѓето кое играат подолго време видео-игри се повеќе несреќни.