Актерката, Анѓелка Прпиќ го прележала коронавирусот, а сега за медиумите откри дека се чувствува добро.
Добро сум, имам негативен тест – изјави актерката.
Таа појасни и како го поминувала времето во текот на изолацијата, па во раните утрински часови излегувала од домот за да го прошета кучето. Сепак, тврди дека во тие моменти водела сметка за заштитата.
Ти реално не смееш да излегуваш, особено ние јавните личности за кои се знае дека сме позитивни. Ти имаш одговрност на секое ниво и јас не одев да се поздравам со некого, туку имам куче, а и сакав да вдишам малку воздух. Поради тоа рано наутро или пак, во вечерните часови излегував со него. Јас така се камуфлирав што не можеше никој да ме препознае, но всушност толку многу внимание привлекував бидејќи бев „забарикадирана“, па кога излегував луѓето гледаа право во мене – додаде Анѓелка.
Извор: kurir.rs/zabava