Традиционалниот дочек на Новата година нема да се организира како претходните години, а нема да се одржи ниту манифестацијата Божиќно селце, која се одржуваше на платото пред Храмот Свети Сава. Ова денеска го најави Дамир Хандановиќ, директор на CEBEF, установа за културна институција на градот Белград.
Тој истакна дека локалната власт ќе се потруди на граѓаните да им обезбеди таканаречен онлајн дочек на Новата година преку линкот live.beograd.gov.rs. Освен ова, дел од настаните со кои ќе се одбележи празникот ќе може да се следат и на телевизија.
Хандановиќ нагласи дека актуелната епидемиолошка ситуација најмнгу се одрзила врз културата, па оваа година на новогодишниот дочек нема да настапуваат големи музички ѕвезди.
Тој најави дека оваа година популарното лизгалиште на Плоштадот Република ќе работи како дел од манифестацијата Белградска зима, но дека проценетата состојба ќе каже колку луѓе ќе може да собере лизгалиштето.
Фото: Архива
Извор: dnevno.rs