Kандидат за градоначалник на Травник вчераутро починал од корона на изборниот ден, но ги добил изборите – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 5:23 PM

Kандидат за градоначалник на Травник вчераутро починал од корона на изборниот ден, но ги добил изборите

Мирсад Пецо, кој беше кандидат на Партијата за демократска акција (СДА) за градоначалник на Општината Травник почина вчера, на изборниот ден, во болница од последици на коронавирусот (Ковид-19), јавува „Анадолија“.

Од СДА потврдија дека со денови бил хоспитализиран поради влошена здравствена состојба предизвикана од коронавирусот.

Мирсад Пецо е роден на 14 март 1958 година во Травник. Заврши Медицински факултет, а долги години работеше во ЈУ Дом на здравје во Травник во Службата за здравствена заштита на работници и спортисти со конзуларно специјалистички амбуланти. Беше пратеник на СДА во Парламентот на Федерација на Босна и Херцеговина.

Босански медиуми јавуваат дека Пецо на вчерашните избори во Травник добил 8.820 гласови, околу 3.400 повеќе од второпласираниеот. Засега не се знаело каква постапка ќе се спроведува понатаму.