За време на викендот, 6.000 македонски државјани влегле, а 7.000 излегле од ГП Табановце – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 5:13 PM

За време на викендот, 6.000 македонски државјани влегле, а 7.000 излегле од ГП Табановце

Откако е донесена одлуката за патување без ПЦР-тестови помеѓу земјава и Србија од средината на ноември, за време на викендот преку Граничниот премин Табановце влегле 6.342 македонски државјани, а излегле 7.033, соопштија денеска од МВР. Во периодот од 13 ноември до полноќ 15 ноември пак, влегле 4.519 странски државјани, а излегле 6.680 лица.

Од средината на ноември, годинава граѓаните на државата можат да патуваат без ПЦР тестови кон соседна Србија и Албанија, откако челните луѓе на трите држави се договорија и потпишаа меморандум за соработка во услови на Ковид-19, меѓу нив и за отворање на границите за граѓаните и бизнис заедницата без потреба од ПЦР тест, со што се ослободени од овие трошоци. По донесувањето на одлуката се чекаше и на усвојувањето на техничките аспкети, по што граѓаните и бизнис заедницата можат слободно да се движат помеѓу земјите.

Од почетокот на пандемијата во неколку наврати македонската влада согласно препораките на Комисијата за заразни болести донесе неколку одлуки за патувања без и со ПЦР-тестови кон соседните држави, што се должеше на тековната  состојба со  бројот на заболени