СВР Штип: За шест часа од сообраќај одстранети 11 пијани возачи – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 3:40 PM

СВР Штип: За шест часа од сообраќај одстранети 11 пијани возачи

СВР Штип и оваа недела со акциски контроли на возачи кои што ги управуваат возилата под дејство на алхохол. Овој викенд за 6 часа откриени 11 пијани возачи, кои што се исклучени од сообраќај, но и останаа времено без своите возачки дозволи.

„СВР Штип на 14.11.2020 во времето од 16.00 до 22.00 часот  спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола кај 11 било утврдено присуство на алкохол. Притоа, сите 11 возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле записници за констатиран прекршок,“информираат од Полицијата.

Санкционирани се и 54 останати прекршоци.

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (13/14/15/16.11) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 118 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 152 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1758 лица со вакви решенија.

В.Кр