Новиот корона вирус циркулирал во Италија од септември 2019 година, според студијата на Националниот институт за карцином во Милано (INT), која сугерира дека ковид-19 може се проширил надвор од Кина дури и порано отколку што првично се сметаше.
Светската здравствена организација информираше дека новиот корона вирус и ковид-19, респираторната болест што ја предизвикува, биле непознати пред епидемијата првпат забележана во декември во Вухан, централна Кина.
Првиот италијански пациент заразен со коронавирус е регистриран на 21 февруари во мал град во близина на Милано, во северниот регион Ломбардија, кој беше најтешко погоден од пандемијата.
Но, откритијата на италијански научници, објавени во научното списание „INT Tumori Journal“, кои сугерираат дека 11,6 проценти од 959 здрави волонтери кои учествувале на тест за скрининг на карцином на бели дробови, дека помеѓу септември 2019 и март 2020 година развиле антитела на коронавирусот пред февруари.
Дополнително тестирање на антитела на САРС-CoV-2 спроведе Универзитетот во Сиена како дел од истата студија под наслов „Неочекувано откривање на антитела кон САРС-КоВ-2 во предпандемискиот период во Италија“.
Четири случаи од првата недела на октомври, исто така, беше откриено дека се позитивни на антитела кои го неутрализираат вирусот, што значи дека пациентите се заразиле уште во септември, изјави за Ројтерс коавторот на студијата Џовани Аполоне.
„И ова е главно откритие: луѓето без симптоми не само што беа позитивни по серолошкото тестирање, туку имаа и антитела кои можат да го убијат вирусот“, рече Аполо, додавајќи дека „ова значи дека новиот коронавирус може да циркулира меѓу населението долго време и ова со ниска стапка на смртност, но не затоа што исчезнува, туку повторно да „експлодира“ во догледна иднина “.
Италијански истражувачи за Ројтерс во март изјавија дека предупредиле на поголем број случаи на тешка пневмонија и грип во Ломбардија во последниот квартал од 2019 година, што значи дека новиот коронавирус може да циркулирал во областа порано отколку што првично се сметаше.
Преземено од: http://hr.n1info.com/


