(ВИДЕО) Секси е и кога плаче: Емотивниот говор на Џенифер Лопес на „People’s Choice Awards“ – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 2:51 PM

(ВИДЕО) Секси е и кога плаче: Емотивниот говор на Џенифер Лопес на „People’s Choice Awards“

Синоќа се одржаа наградите „People’s Choice Awards“, при што публиката гласаше за најдобрите изведувачи во поп-културата за 2020 година, а на сцената плачеше Џенифер Лопез (51), која доби една од наградите.

Имено, церемонијата на доделување на наградите беше пренесувана во живо од Баркер Хангар, во Санта Моника, Калифорнија, а шоуто го водеше пејачката Деми Ловато.

ТВ-каналот „Е!“ оваа година им оддаде почит на многу имиња од светот на шоу-бизнисот, а латино дивата ја доби наградата „Икона за 2020 година“.

Кога излезе на сцената, познатата пејачка плачеше во моментот кога ги виде своите деца на екранот, па рече:

– Оваа година беше одлична. Таа ни покажа што е важно, а што не. И ни покажа она што е најважно – луѓето, сите заедно. Треба да си помагаме, да се сакаме, да бидеме љубезни еден кон друг. И важноста на таа врска, тој човечки допир. Сфатив дека се стремам кон тоа во сè што работам. Да ги допира луѓето“ – започна таа.

„Сакам да ги инспирирам девојките од сите возрасти и од сите бои, ширум светот, да знаат дека можете да правите што сакате, колку што сакате и да бидете горди на тоа што сте, без разлика од каде доаѓате. Сакам да знаете дека вашите соништа се ограничени само од вашата фантазија, одлучност и подготвеност никогаш да не се предадете. Ако ве допрев на кој било начин, тогаш ова е најголемата награда што некогаш можев да ја добијам“– изјави Џенифер на сцената.

По тој повод, таа носеше симпатичен црвен фустан, додека нејзината коса  беше врзана во висока опашка, а на лицето имаше „огнен“ црвен кармин.

Според неа, наградата за машка филмска ѕвезда му припадна на Вил Смит, додека наградата за ријалити ѕвезда на годината и припадна на Клои Кардашијан, а наградата за машки изведувач на годината му припадна на канадскиот пејач Џастин Бибер. Познатата поранешна ѕвезда на Дизни, Аријана Гранде, доби две награди, за женски изведувач на годината и за наградата „Социјална славна личност“, со оглед на тоа што таа е најследена женска личност на социјалните мрежи со 206 милиони следбеници на Инстаграм.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/