Џек Грилиш: Гледам видеа од Де Брујн и Кутињо, не ми е срам да го кажам тоа – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/20 1:26 PM

Џек Грилиш: Гледам видеа од Де Брујн и Кутињо, не ми е срам да го кажам тоа

Неверојатниот фудбалер на Астон Вила, кој полека клупската форма ја преточува на репрезентативно ниво, Џек Грилиш, вчера за првпат дебитираше во компетитивен натпревар за селекцијата на Англија.

Англија на гостувањето во Белгија загуби 0:2, а единствената светла точка во тимот на Герет Саутгејт беше токму играчот од средината на Вила.

Обидувајќи се да го пробие бедемот на белгиската одбрана, Грилиш статистички беше најфаулираниот играч на теренот, а еден од потезите после кој секако заврши на земја наликуваше на фамозниот потег на Денис Бергкамп oд 2002 година против Њукасл.

-Гледам видеа од Де Брујн, гледам видеа од Кутињо и од многу други фудбалери кои играат на истата позиција како и јас. Тоа го правев како дете, тоа го правам и сега. Не ми е воопшто срам да го кажам тоа, изјави Грилиш за „Sky Sports“.

Грилиш сезонава забележа четири голови на неговото конто во екипата на Дин Смит.