Како да не ви се упропасти шминката под маска? – ММС
ММС

Објавено на: 11/15/20 10:26 PM

Како да не ви се упропасти шминката под маска?

Носењето маски во одредени ситуации е нешто на што повеќето луѓе  веќе се прилагодија, а на ова може да се прилгодфи и бјути рутината. Носењето маска за лице не значи дека мора да се откажеме од шминкањето, а подолу ви донесуваме неколку упатства што ќе ви помогнат да изгледате најдобро за време на пандемија.

  1. Користете спреј за фиксирање на шминката

Спрејот ќе ви помогне да ја одржувате шминката на вашето лице во текот на денот, а нејзиниот совет е да бидете дарежливи кога ќе ја нанесувате и да ја нанесувате на целото лице. Исто така, спрејот треба да биде првиот чекор во рутината.

  1. Нанесете подлога и бронзер како и обично

Не треба да избегнувате да ставате пудра, но не претерувајте. Нанесете го на целото лице, а доколку е потребно, „зацврстете“ го на деловите каде ви е најпотребно. Избегнете претерување со количините, бидејќи во тој случај, голем дел од пудрата ќе заврши на маската за лице.

  1. Втора рунда спреј за фиксирање на шминка

По нанесувањето на основата и бронзерот, нанесете спреј за фиксирање уште еднаш. И овој пат не воздржувајте се. На овој начин ќе ја заклучите шминката помеѓу двата слоја на спреј.

  1. Експериментирајте со шминка за очи

Поради маските за лице кои ги покриваат нашите усни, очите станаа дел од лицето што е дополнително нагласено. Затоа, играјте со шминка. Користете туш за очи, сенки и сите други опции што дополнително ќе ги потенцираат вашите очи.

  1. Користете кармин како руменило

За почеток, кога станува збор за нијанси, ружот е многу подобра опција да се носи под маска отколку на пример, црвениот кармин. Откако ќе ја извадите маската, нема да морате да се справувате со потенцијално размачкани црвени траги. Откако ќе го  „потапкате“  ружот или сјајот соо прстите,  остатокот од прстот нанесете го на усните како светло руменило.  Ќе изгледате убаво и едноставно.

  1. Чувајте три производи во торба

Откако ќе бидете подготвени да излезете, се поставува прашањето кои парчиња од козметичката кеса да ги понесете со вас. Бидејќи користите руж како руменило, понесете го со вас во чантата. Понесете и спреј за фиксирање и коректор. И тоа е тоа – три парчиња што ќе бидат доволни за да го поправите вашиот изглед доколку е потребно.

Извор и фото: srbijadanas.com