Поради новите рестриктивни мерки во Словенија, паровите не можат да стапат во брак додека не се смири епидемијата, освен ако се работи за „итни и неопходни“ случаи.
Бракот во ваквите неопходни случаи може да се склучи само со дозвола од надлежното министерство, со почитување на епидемиолошките мерки и во присуство на матичар и најмногу две други лица.
На прашање од поранешниот словенски министер за правосудство, Митја Залар, што всушност претставува „неопходност“ и кои се исклучоците на кои ќе им биде дозволено склучување на брак, министерот за внатрешни работи Алеш Хојс на Твитер одговори дека тоа би било поради бременост.
– Неопходно склучување брак се одобрува за да не треба да ја убедувате конзервативната баба дека детето што ќе го родите е недоносено, му одговори Хојс на либералниот колега.
По ваквиот одговор на Хојс социјалните мрежи се појавија мноштво реакции, додека за некои одговорот бил смешен, многумина сметаат дека со такви работи не треба да се шегува и го оценија како непримерен.
Според податоците на словенскиот Државен завод за статистика, речиси половина од децата родени во текот на една година се вонбрачни.
Најголем дел од невенчаните парови го формализираат својот брак подоцна кога веќе имаат деца.
Единствена земја во Европа која има повеќе вонбрачно родени деца е Франција, со дури 60 отсто.
извор: блиц.рс


