Србија утре од 20:45 часот гостува кај Унгарија на натпреварот од Лигата на нации во Будимпешта. Унгарците го победија Исланд во баражот и се пласираа на Европско првенство. На овој натпревар на клупата нема да седне Љубиша Тумбаковиќ поради казната од УЕФА, додека поради коронавирусот Унгарците остануваат без Марко Роси. Така, најверојатно последниот натпревар на кој Тумбаковиќ ќе ја води Србија е оној во среда против Русија во Белград.
Наместо Тумбаковиќ, според се’ погласните најави, Србија на патот кон СП во Катар 2022 ќе ја води Драган Стојковиќ. Во октомври 2001 Пикси стана претседател на Фудбалскиот сојуз на Југославија наместо покојниот Миљан Миљаниќ и за време на неговиот мандат „сините“ не успеаја да се пласираат на Мундијалот 2002, кога од клупата ги водеше актуелниот претседател на Фудбалската репрезентација на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ. Иако, според Стојковиќ, како кандидати за клупа се споменуваат некогашните тренери на Партизан, Саво Милошевиќ и на Ѕвезда, Владан Миловојевиќ, многу е извесно дека „орлите“ под свое ќе ги земе Стојковиќ.
Тој се споменува како најсериозен кандидат уште од денот кога со него во Виена преговоарашите Томислав Караџиќ. За тоа дали ќе има промена во Фудбалската репрезентација на Србија треба да се почека до 25 ноември или 20 декември кодинава, за кога Славиша Кокез најави Извршен одбор.
Фото: VN
Извор: novosti.rs


