Иванка Трамп и Џаред Кушнер ги отпишаа децата од училиште, по жалбите за нивното непочитување на мерките против корона – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/20 9:25 PM

Иванка Трамп и Џаред Кушнер ги отпишаа децата од училиште, по жалбите за нивното непочитување на мерките против корона

Иванка Трамп и Џаред Кушнер ги отпишаа своите деца од приватното училиште во Вашингтон – пренесува СиЕнЕн.  Ова следува откако надлежните во образовната установа изразија загриженост поради нивното непочитување на мерките против ковид-19.

Надлежните во приватното училиште во Вашингтон, каде пред три години беа запишани децата на Иванка Трамп и Џаред Кушнер изразија загриженост поради јавното кршење на мерките против ковид-19, кое можеше да се забележи кај парот. На крајот, ова доведе до тоа ќерката на Доналд Трамп и нејзиниот сопруг да ги отпишат своите деца од ова училипте – изјавил за СиЕнЕн извор кој е добро упатен во ситуацијата. Тој навел дека сопружниците во повеќе наврати ги прекршиле насоките што се вметнати во прирачникот за родители, кога станува збор за мерките против ковид-19. Поради забелешката и барањето да го променат своето однесување, тие одлучиле децата да ги отпишат од училиште.

Сепак, два извора наведуваат дека училиштето решило да се спротивстави на непочитувањето на мерките од нивна страна, независно од жалбите кои почнале да пристигнуваат од другите родители.

Портпаролот на училиштето одбил да ги коментира овие информации за СиЕнЕн.

Во училиштето, во моментот наставата се одржува во живо за ограничен број ученици, а за вработените, децата, нивните родители и членовите на семејствата важат превентивни мерки засновани на насоките од Центарот за контрола и превенција на болести.

 

Извор:    https://www.b92.net