Актерката, Катарина Радивојевиќ некое време не беше активна и присутна во јавноста, за што има и добра причина, а не крие дека таканаречената медиумска изолација мнoгу и’ годи.
„Малку направив пауза од јавноста и морам да признаам дека тоа ми годи во овие години. А и природата на мојата службена работа, координаторка за култура при нашиот Конзулат во САД не ми дозволува толку да се појавувам во јавност, што искрено и ми одговара“, признава Катарина која со години важи за една од најубавите дами на српската јавна сцена.
На прашањето дали убавината нешто и’ одзела, таа вели:
„Тoа се’ уште не можам да го кажам, бидејќи мојот живот е на половина. Тоа можам да го кажам за дваесет, триесет години. Вистина е дека тоа на некој начин ме ограничи во смисла на српската кинематографија, каде женските улоги генерално им се доделуваат некако на напатени жени. Иако и јас исто така сум напатена, тоа не го манифестирам така. Веројатно физичкиот изглед ме ограничува во таа смисла. Во друга смисла ми донесе убави работи, а ги носи и ден – денес“.
Извор: srbijadanas.com


