Вчеравечер во СВР Скопје било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била на интервенција на ул.„Стокхолмска” бидејќи имале повик дека на Т.А. и’ се влошила здравствената состојба, каде биле пречекани од В.А.(54) од Скопје, Д.А.(49) од Скопје и уште три други лица.
Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат и да удираат по комбето – соопштија денеска од МВР.
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – појаснуваат од Министерството.