Европската агенција за лекови (ЕМА) предвидува дека ќе го даде своето одобрение за првата вакцина против коронавирусот до крајот на годината, а очекувањата се дека дистрибуцијата ќе почне од јануари – соопшти денеска директорот на Агенцијата.
„Ако се податоците солидни, би можеле да дадеме зелено светло за првата вакцина до крајот на годината и да почнеме со дистрибуција од јануари“, изјави Гвидо Раси, директор на Европската агенција за лекови во интервју објавено денеска во италијанскиот весник Il Sole 24 Ore.
Институцијата е задолжена за одобрување и контрола на лековите во ЕУ. Зеленото светло што го дава ЕК овозможува лабараториите да почнат со продажба на својот лек во целата Европска унија. Агенцијата пак, која смета дека ќе има шест или седум различни вакцини на располагање во 2021, вчера ги доби првите клинички податоци од Фајзер за неговата вакцина.
Ако ја ставиме вакцината на пазарот во јануари нејзините први ефекти на ширењето на вирусот ќе бидат видливи за пет или шест месеци, односно идното лето. Очигледно е дека нема да биде можно да се вакцинира целиот свет, но ќе почнеме со најизложените категории како што се старите лица и вработените во здравството, а со тоа ќе се блокираат мостовите на пренос – додаде директрот.
Тој оцени дека треба да се вакцинира над половина од европската популација за да може да дојде до намалување на пандемијата, што бара најмалку 500 милиони дози во Европа. За да се вакцинираат сите ќе биде потребно најмалку една година, а ако е се’ добро кон крајот на 2021 ќе имаме доволно имунизација – изјави Раси.
Извор: danas.rs


