Над двесте санкции за сообраќајни прекршоци во Струмица и Радовиш за околу еден час – ММС
ММС

Објавено на: 11/14/20 2:40 PM

Над двесте санкции за сообраќајни прекршоци во Струмица и Радовиш за околу еден час

За нешто повеќе од еден час во денешната акциска контрола во Струмица се изречени над 150 санкции, а во Радовиш над 60, пред се’ за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и друго – соопшти порпаролот на МВР, Тони Ангеловски на прес конференција во Радовиш.

Министерството за внатрешни работи повеќе од еден месец, освен на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, а денеска во Радовиш и Струмица.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за повеќе од еден месец, откако започнаа засилените сообраќајни контроли, изречени се над 20.000 санкции“, рече Ангеловски.

Тој најави дека акциските контроли ќе продолжат и денес, но и во наредните денови.