Светската здравствена организација синоќа соопшти дека во последните 24 часа биле регистрирани рекордни 628.136 случаи на коронавирус во светот, а починале 9.623 луѓе. Претходно највисока бројка на заразени на дневно ниво во светот беше регистрирана на 7 ноември, кога беа евидентирани 613.977 случаи.
Според податоците на СЗО, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемија достигна до речиси 52,5 милиони, а починаа 1,29 милиони.
Најмногу случаи има во Европа, во која се околу 46 отсто од заразените. Следуваат Јужна и Северна Америка, па Азија… По земји, најголем број на заразени има во САД, потоа следуваат следуваат Индија, Бразил, Русија…