Сите земјоделци кои имаат овошје од втора и трета класа би требало да вложуваат во десетилерија и производство на ракија од овошје. Државата обави јавен повик за сите што сакаат да произведуваат ракија. Ќе добијат поддршка во максимален износ од 15,5 милиони динари за изградба на десетилерија, опремување и промоција, пишува „Новости“.
„Кој сака од овошје да прави ракија му обезбедивме и пазар. Усвоена е нова спогодба со Евроазиската унија за извоз во тие земји по нула царинска стапка. Ги повикувам сите земјоделци што сакаат да се занимаваат со ваква работа да се пријават. Лесно е да се продаде стока од прва класа, но досега сите луѓе се прашуваа што да прават со стоката од понизок квалитет. Ние од тоа сакаме да направиме додадена вредност и ги повикувам сите луѓе што имаат вишок таква стока да вложуваат во десетилерија – вели министерот за земјделство Бранислав Недимовиќ.