Воен пензионер од околината на Плевља, Црна Гора, кој по грешка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување 11 години примал десеткратно повисока пензија отколку што му припаѓа, а на тоа не реагирал, ќе мора на државата да и’ врати 155,5 илјади евра. Ова е одлука на Основниот суд во Плевља од јули лани, која во јануари годинава ја потврди Вишиот суд во Биело Поле, а деновиве ја потврди и Врховниот суд на Црна Гора. Тужеше Фондот за ПИО, кој на име стекнување без основа од воениот пезионер М.А. првобитно бараше 171.100 евра, колку што му било преплатено од 2007 до 2018 година, пишува подгоричка „Побједа“.
На пензионерот М.А., слжбеник во Фондот за ПИО во 2007 година му запишал дека треба да прима инвалидска пензија од 822,52 евра, наместо 82,25. Судот смета дека е виновен пензионерот зашто морал да знае дека не му припаѓа толкава пензија.
Адвокатот на пензионерот тврди дека М.А. со ниедна своја постапка не придонел пензијата да му се исплаќа во толкав износ, туку парите му биле исплаќани во висина што ја утврдил самиот Фонд.