Американски медиуми: За Бајден 306, за Трамп 232 електорски гласови – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 10:23 PM

Американски медиуми: За Бајден 306, за Трамп 232 електорски гласови

Американските медиуми вечерва ја објавија проекцијата на конечните резултати од претседателските избори, кои се одржаа на 3 ноември, според кои избраниот претседател Џо Бајден освоил 306, а актуелниот претседател, Доналд Трамп 232 електорски гласови.

До овој резултат, американските медиуми дојдоа откако ја проектираа победата на Бајден во сојузната држава Џорџија а на Трамп во Северна Каролина.

Како што потсетува Си Ен Ен, Џорџија носи 16 електорски гласа, а Северна Каролина 15, што значи дека Бајден ќе има вкупно 306 гласа, а Трамп 232 гласа.

 

Извор:    republika.rs