Колку ќе заработи Фајзер од вакцината против ковид-19? – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 9:32 PM

Колку ќе заработи Фајзер од вакцината против ковид-19?

Компанијата Фајзер и партнерската фирма Бионтек соопштија дека нивната вакцина е на чекор до отпочнување на производствениот процес. Се проценува дека овие две фармацевтски куќи би можеле да заработат речиси 14 милијарди долари од продажбата на вакцината идната година.

Директорот за здравствено истражување и стратегии за капитал во Морнингстар,  Дамиен Коноверрече дека според пресметката на неговата компанија, Фајзер ќе направи милијарда дози на вакцина, која ќе биде одобрена ширум светот во првиот квартал на 2021 година.

Се чини дека фармацевтскиот гигант ќе и’ наплати на американската влада околу 39 долари за две дози од вакцината, на основа на договорот кој Фајзер го има со владата на САД, додека правењето на вакцината ќе чини околу 15 долари. Вакцината на овој производител ќе мора да биде чувана на температура од минус 70 степени, а голем број болници немаат ладилници кои ја спуштаат температурата толку ниско.

Американската влада има договор со Фајзер дека во првиот круг од вакцинацијата за 100 милиони дози ќе плати 1,95 милијарди долари за државјаните кои ќе се вакцинираат бесплатно.

Коновер заклучува дека вакцините генерално чинат помалку отколку некои брендирани лекови. Њујорк тајмс пак, објави дека вакцините се релативно евтини со оглед на нивната вредност и во просек чинат по педесетина долари.

 

Фото:  picture alliance, Flashpic, Jens Krick

Извор:    b92.net