Оладипо останува верен на Пејсерс – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 9:00 PM

Оладипо останува верен на Пејсерс

Ѕвездата на Индијана Пејсерс, Виктор Оладипо, стави крај на шпекулациите за неговата иднина. Тој за „The Athletic“ и Шемс Шанариа изјави дека целосно е фокусиран на Пејсерси и се подготвува за новата 2020/21 НБА сезона.

-Знам дека имаше луѓе кои велеа дека јас барав играчи да бидат трејдани за мене. Тоа едноставно не е точно, точка. Ги сакам моите соиграчи, уживам Индијана и целосно сум фокусиран да ја водам оваа франшиза до титула, изјави Оладипо.

Индијана успеа да се пласира во плејофот во „баблот“ на Флорида, но доби „метла“ од финалистот Мајами Хит.