Беспрекорната пенал серија на „Рајко Митиќ“, или на познатата белградска „Маракана“, на шкотската фудбалска репрезентација им донесе пласман на прво големо натпреварување по цели 22 години.
Шкотска ја совлада Србија на гостински терен, а херојот на селекцијата предводена од некогашниот тренер-асистент во Челзи, Стивен Кларк, беше голманот на Дерби Каунти, Дејвид Маршал. Тој го осуети решавачкиот петти удар на Александар Митровиќ и ја одведе својата селекција на Европското првенство во 2021 година.
Шкотите ако ништо друго, со сигурност знаат како да прослават големи победи. „Фатени во вовче“, од оние традиционални свадбарски за нашето поднебје, преку песна го провлекоа името на Дејвид Маршал и на тој начин му оддадоа огромна чест.
🎶 David Marshall 🎶#NoScotlandNoParty pic.twitter.com/8amIKiTWrF
— Scotland National Team (@ScotlandNT) November 13, 2020