ФОТО: Енис Барди ги пречека своите репрезентативни другари – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 8:14 PM

ФОТО: Енис Барди ги пречека своите репрезентативни другари

Играчот за врска на шпански Леванте и македонски стандарден репрезентативец, Енис Барди, поради повреда која ја здоби непосредно пред полетувањето во Грузија вчера не беше во можност да им помогне на своите другари во обидот за пласман на Европското првенство.

Нашите момци и покрај тоа успеаа да го совладаат домаќинот во Тбилиси и да резервираат место помеѓу најдобрите следната година.

По пристигнувањето во Скопје, Барди не ја испушти приликата веднаш да ги пречека своите репрезентативни колеги и заеднички да го прослави со нив историскиот успех.

 

 

Фото:

Facebook / ФФМ