Лозарите годинава очекуваат повисоки цени на грозјето, организиран откуп и побрзо плаќање – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/18 12:24 PM

Лозарите годинава очекуваат повисоки цени на грозјето, организиран откуп и побрзо плаќање

На почетокот на бербата на годинашната реколта тиквешките лозари ги направија калкулациите za производствената цена за најзастапните сорти на грозје вранец и смедеревка. Според Трајче Кулев, претседател на здружението „Напредни лозари”, цените би требало да бидат од 15 денари за вранец и 13 за смедеревка, а тука се барањата за сериозен откуп и рок на плаќање.

„Според нашите трошоци, знаеме дека нафтата се покачува, исто репроматеријалите, кои се потребни се покачени на едно високо ниво каде земјоделцот не може да ги поднесе тие трошоци. Значи не е реална цената,мислам дека за 13 денари за килограм треба да биде смедеревката а 15 денари да се плаќа вранецот,па мислам дека винариите треба да бидат фер и да си подадеме рака и за нас и за нив,секоја винарија треба да си оставе банкарска гаранција и исплатата да биде што е можно побрзо да не чекаме долго 6 месеци е долг период за лозарите“, смета Кулев.

Кулев потврди дека Повардарие и покрај ветувањата за исплата на грозјето до 15 јуни не го одржале зборот.

„ Исплатата кај Повардарие оди забавено,рекоа дека ќе го исплатат грозјето до 15 јуни ама ништо и останаа така да не си стојат на зборот значи сами на себе си прават лошо.Сега почна да се бере кардиналот со временските услови кои беа неповолни з анас и не знаеме точно колкава ќе биде количината со оглед на тоа дека можеби и родот во споредба со лани ќе биде преполовен“,  Кулев.

Инаку пред некој ден лозарите започнаа со берба на најраните сорти на трпезно грозје „ранка“ и „прима“, а се очекува да започне и бербата на познатиот„кардинал“ и „кармен“ .Цената за килограм бела ранка е 30 денари која за лозарите не е доволно и стравуваат дека и оваа година родот ќе им биде откупен по ниски цени.

 

Билјана Тошевски