Болниците кубурат со кадар, а во Агенциите за вработување стотици активни баратели на работа, пред сè лекари и медицински сестри – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 3:47 PM

Болниците кубурат со кадар, а во Агенциите за вработување стотици активни баратели на работа, пред сè лекари и медицински сестри

Недостасуваат лекари и друг медицински персонал во Клиничката болница Тетово, а од друга страна има стотици активни баратели на работа од здравствениот сектор, евидентирани во Агенцијата за вработување Тетово.

Се работи за 408 медицински сестри и 427 медицински техничари од полошкиот регион, кои чекаат вработување во Агенцијата за вработување Тетово. Има е лекари кои активно бараат работа. 

Во меѓувреме од Агенцијата за вработување Тетово, велат дека се зголемил бројот на активни баратели на работа, пред се поради помошта која државата ја дава за невработените лица.

На списокот на Агенцијата за вработување Тетово, има евидентирано 17500 невработени лица или за 5000 повеќе од кога започна пандемијата во месец март оваа година.