„Секојдневно сме во комуникација и координација со сите диркетори на болниците, има прилив на пацинети и одредена бројка на пациенти кои се испишуваат но се уште е голем бројот на приеми“, рече Филипче како одговор на новинарско прашање каква е моменталната состојба со болничките капацитети.
„Во скопските клиники и во Клиничкиот центар обезбедени се болнички кревети во повеќе интерни одделенија, кадарот е распределен по системот на ротација, целосно е моблизиран за секој тим да има одговорен пулмолог и анаестезиолог кои што помагаат во дијагностика и лекувањето на пациентите. Целата зграда на интерните клиники е спремна да прими пациенти и во овој момент има околу 100 -120 слободни кревети со кадар кој што во секој момент може да згрижи пациент“, вели Филипче.
Г.Д