Горан Пандев – Олимписки Великан на МОК – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 3:20 PM

Горан Пандев – Олимписки Великан на МОК

Македонската фудбалска репрезентација на крилјата на Горан Пандев вчера во Тбилиси за првпат се пласираше на Европско првенство, победувајќи ја Грузија 0:1.

Новоизбраниот претседател на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, упати искрени честитки до неговиот колега од ФФМ, Муамед Сејдини, за историскиот успех и изборениот пласман на ЕП 2021 и во исто време најави дека Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки Великан на Мок.

Извонредните спортски резултати и дводецениската меѓународна афирмација на македонскиот спорт, претставува и повеќе од доволна причина за ваквото навистина големо признание.

-Најдобрите македонски фудбалери изгинаа на теренот, го одиграа најдобриот натпревар во овие квалификации, токму кога беше најпотребно! Сите со срце поголемо од најголемата планина, мудро, умно и со големо знаење и неверојатна смиреност, одлучност, сигурност и самодовербасе изборија за свое место во историјата на македонскиот спорт! Честитки момци, само гордо напред и со победа да го започнеме Европското првенство! Најдобри сте!, истакна Даниел Димевски по повод историскиот спортски резултат на најдобрите македонски фудбалери.

Македонија своето патешествие на Европското првенство го започнува на 13 јуни во Букурешт против селекцијата на Австрија.