(ВИДЕО) Естрадата се вклучи во кампањата #НосамМаска: Со надеж дека наскоро повторно ќе свириме во живо пред многу публика – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 2:00 PM

(ВИДЕО) Естрадата се вклучи во кампањата #НосамМаска: Со надеж дека наскоро повторно ќе свириме во живо пред многу публика

Македонските познати музички имиња се појавија во кампањата на Владата за заштита од корона вирусот „#НосамМакска“.

Преку видео порака се обраќаат, со цел да се поттикне свеста кај граѓаните дека носењето маска штити од вирусот Ковид 19.

Во видеото објавено на фејсбук профилот на министерот за здравство Венко Филипче, се појави македонскиот вируоаз на гитара Влатко Стефановски кој вели „живееме во чудни и тешки времиња, носам маска со надеж дека наскоро повторно ќе свириме во живо пред многу публика“. Покрај Стефановски се појавуваат Пере – Нокаут, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица од „Ареа“.

„За да се заштитиме себе и сите околу нас. Затоа што секој од нас има одговорност. Голема благодарност до нашите музички уметници Влатко Стефановски, Никола Перевски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска кои ја поддржаа кампањата #НосамМаска за подигнување на свеста за почитување на мерките за заштита од КОВИД-19 вирусот“, стои во описот на видеото.

#НосамМаска

За да се заштитиме себе и сите околу нас. Затоа што секој од нас има одговорност. Голема благодарност до нашите музички уметници Vlatko Stefanovski, Никола Перевски, Karolina Goceva, Tamara Todevska и Ружица Милошеска Брчиоска кои ја поддржаа кампањата #НосамМаска за подигнување на свеста за почитување на мерките за заштита од КОВИД-19 вирусот.

Posted by Венко Филипче on Wednesday, November 11, 2020