Европската банка за обнова и развор преку ПроКредит банка ќе даде поддршка и помош за локалните микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија во справувањето со економските последици од пандемијата на Корона вирусот.
Средствата на ЕБОР ќе се искористат за ликвидност на малите бизниси кои имаат намалување на активностите и приходите, како последица од проширувањето на вирусот.
Со овој кредит ЕБОР покажува доверба во ПКБМ, македонскиот банкарски сектор и во отпорноста на Македонската економија.
„ ПроКредит Банка веќе 17 години успешно ја поддржува македонската економија и е докажан партнер на малите и средни претпријатија во земјата. Нашиот успех се должи на на долгорочниот, партнерски однос, транспарентност во комуникацијата со клиентите, високиот квалитет на услуга и одговорното кредитирање“, информираат од банката.
Како одговорна банка, во време на пандемија стојат позади своите клиенти, со цел да им обезбеди средства кои се неопходни за понатамошна стабилизација и раст.
Значајна подршка претставува кредитната линија од ЕБОР, со која дополнителни средства во износ од €15 милиони, ќе бидат пласирани во македонското стопанство.“ – изјави Емилија Спировска, член на Управен одбор на ПроКредит Банка.
Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија вели е горд што потпишува договор со банката а со тоа и проширување на партнерството на двете институции.
„Одличната историја на ПКБМ во опслужувањето на Македонските ММСП, како и нејзината одличната позиционираност на пазарот во земјата, ја прават идеален партнер за пласирање на средствата на ЕБОР и обезбедување на помош и ликвидност на компаниите кои поминуваат во овој период на досега невидена неизвесност. Со потпишувањето на овој договор, ЕБОР обезбедува вкупно 35 милиони ЕУР ликвидност за бизнисите во Северна Македонија преку Пакетот за солидарност, продукт развиен за да се помогне на економиите во земјите каде ЕБОР е активна, а кои се погодени од Ковид кризата“, вели Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.
Кредитот на ЕБОР е доделен од Пакетот за солидарност на Банката, која обезбедува мерки за поддршка на постоечките клиенти врз кои влијае кризата од Корона вирусот. По појавување на пандемијата, ЕБОР направи значајни отстапки во ангажманот во оваа насока и очекува да инвестира €21 милијарда , во периодот 2020-2021 година за да се справи со влијанијата од Ковид-19.
ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес, има инвестирано над €2 милијарди во 134 проекти во земјата.