Жителите од скопската наслеба Капиштец ги подготвија топлите домови за кучињата скитници. Картонски кутии со топли кебиња подготвени за ладните зимски денови за најверните пријатели на луѓето – кучињата. Маалските кучиња кои постојано се во близина на паркот во Капиштец за зимата која следува имаат топло катче.
Граѓаните редоно се грижат за нив, оставаат и храна која што претставува дневен оброк за кучињата кои немаат се уште свој сопственик.
Во моментот кога ги фотографиравме кутиите (домовите) кучињата не беа во нив, но сигурно дека ќе ги пронајдат и удобно ќе се сместат каде ќе ја презимат зимата.
Одлична идеја и поттик за сите оние кои се грижат за животните како оваа зима може да им обезбедат скромен дом.
Г.Д