(ФОТО) Српскиот претседател Вучиќ со честитка за македонските фудбалери: Граѓаните на Србија, ќе бидат со вас со сето срце – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 11:30 AM

(ФОТО) Српскиот претседател Вучиќ со честитка за македонските фудбалери: Граѓаните на Србија, ќе бидат со вас со сето срце

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм им го честиташе на сите граѓани на Северна Македонија  историскиот пласман на фудбалската репрезентација на Европското првенство.

Во финалето од баражот, Македонците ја совладаа Грузија со 1-0 на гостувањето со голот на ветеранот Горан Пандев.

– Им честитам на сите граѓани на Северна Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, ќе бидеме со вас со сето срце – пишува во честитката на претседателот на Србија.

Преземено од: https://www.novosti.rs/