Запленети пет пушки и украдено возило во прилепското село Големо Радобил – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 10:48 AM

Запленети пет пушки и украдено возило во прилепското село Големо Радобил

 Пет пушки и едно патничко моторно возило, пријавено за украдено, пронашла полицијата при извршени три претреси во прилепското село Големо Радобил.

Во домот на М.М. (52) пронајден и одземен е еден ловен карабин 7,9 модел 98, кај Т.Ј. (41) пронајдени и одземени се два ловни карабини и 42 парчиња муниција и кај Ф.Ц. (49) пронајдени и одземени се една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин и одземено возило „волво”, кое претходно е пријавено за украдено, пишува во денешното соопштение од МВР.

Против наведените лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.