Елон Маск: Во ист ден бев два пати позитивен и негативен на Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 10:23 AM

Елон Маск: Во ист ден бев два пати позитивен и негативен на Ковид 19

Извршниот директор на „Тесла“ Елон Маск, објави дека бил тестиран на корона вирус четири пати во ист ден и дека два теста биле позитивни и два негативни.

“Нешто сомнително се случува. Денес бев тестиран четири пати. Резултатите два пати позитивни, два пати негативни. Иста машина, ист тест, иста сестра. Брз тест за антиген од БД”, напиша Маск на Твитер.

Лидерот на„Тесла“ рече дека бил тестиран и со PCR тест, чии резултати се чекаат 24 часа. Тој рече дека има симптоми на настинка.

„Ништо необично досега“, додаде Маск.

Бектон Дикинсон во септември објави дека ги истражува извештаите за американски старечки домови за лажно позитивни резултати од тестот за корона вирус на таа компанија.

Преземено од: http://rs.n1info.com/