Почина Кичо Слабинац, ја изгуби битката со тешката болест – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 10:09 AM

Почина Кичо Слабинац, ја изгуби битката со тешката болест

Еден од најпознатите пејачи на просторот на поранешна Југославија, Крунослав Кичо Слабинац почина на 76 годишна возраст, почина денес, пренесува Јутарњи лист.

Пејачот во изминатите неколку месеци неколку пати бил опериран, а со тоа неговите најблиски се надевале дека се ќе тргне на добро, лекарите во неколку наврати го подготвувало семејството за најлошто.

Зад себе остави два сина Павел и Иван, пријатели и бројни обожаватели.

Според претходни информации на RTL, состојбата на пејачот се искомплицирана откако направил операција на срце.

По првата операција следеле уште две, а сето тоа било премногу за организамот на Кичо Слабинац да го издржи. Токму поради тоа бил ставен во индуктивна кома.

На македонските простори беше запаметен по учеството на реномираниот фестивал „Макфест“ во 1989 година и изведбата на евергринот „Летај ми летај гулабе“.

Преземено од: https://www.srbijadanas.com/