Во светот со Ковид-19 вкупно детектирани 53 милиони луѓе, починаа 1,3 милиони – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 9:21 AM

Во светот со Ковид-19 вкупно детектирани 53 милиони луѓе, починаа 1,3 милиони

Вкупниот број луѓе заразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата во светот се искачи на 53.110.000 луѓе.

Најмногу случаи на заразени се потврдени во САД – 10.873.930, а потоа следуваат: Индија (8.727.900), Бразил (5.779.383), Франција (1.898.710), Русија (1.858.568), Шпанија (1.484.868), Велика Британија (1.290.195), Аргентина (1.273.356), Колумбија (1.165.326) и Италија (1.066.401)…

Од почетокот на епидемијата досега во светот починаа 1.299.651, а оздравеа 37.224.907 лице, претходно заразени со вирусот.