Вкупниот број луѓе заразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата во светот се искачи на 53.110.000 луѓе.
Најмногу случаи на заразени се потврдени во САД – 10.873.930, а потоа следуваат: Индија (8.727.900), Бразил (5.779.383), Франција (1.898.710), Русија (1.858.568), Шпанија (1.484.868), Велика Британија (1.290.195), Аргентина (1.273.356), Колумбија (1.165.326) и Италија (1.066.401)…
Од почетокот на епидемијата досега во светот починаа 1.299.651, а оздравеа 37.224.907 лице, претходно заразени со вирусот.


