Со презентација на нови сведоци дека во Кривичен суд Скопје, треба да продолжи судскиот процес за случајот „Таргет -Тврдина”. Изминатиот период со исклучок на 3 ноември рочиштата за овој предмет беа одложени заради здравствената состојба на обвинетиот Сашо Мијалков, кој беше позитивен на Ковид-19. На последното рочиште за главниот предмет за незаконоското прислушување беа изведени материјални докази од страна на обвинителството.
Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
МИА