Нема балкански медиум, особено тие од екс-ју просторите, кој не отстапи простор синоќа, во текот на ноќта и утрово за големиот успех на македонската фудбалска реперезентација со првиот свој пласман на едно европско првенство остварен синоќа со победата од 1-0 против Грузија во Тбилиси. Еве само дел од насловите во балканските медиуми:
„Пандев испиша историја на Македонија, па заплака како дожд“ (Србија данас); „Ангеловски: Никој не може да го оспори Горан Велики“ (Н1); „Соседската правда е задоволена: Пандев во 38. година ги испрати Македонците на ЕП“ (Информер); „Пандев за историја, Македонците првпат на ЕП“ (РТ Војводина); „Луда журка наместо прес-конференција! Македонците направија шоу по историскиот натпревар“ (Блиц); „Големо славје во Македонија: Пандев погоди за победа, Адеми ќе игра на ЕП“(Дневник.хр); „Еден, но вреден: Македонија првпат на ЕП, ја одведе ветеранот Пандев“ (Слободна Далмација); „Македонија првпат во историјата на ЕП: Ја очекува сериозна група“ (Јутарњи лист); „Ти си бисер балкански: Погледнете го славјето на Македонците во Тбилиси (црногорски Вијести.ме); „Историски успех: Македонија на ЕП“ (Радиосарајево)…