Густата магла го промени планот: Репрезентативците ќе слетаат во Приштина, наместо во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/13/20 2:49 AM

Густата магла го промени планот: Репрезентативците ќе слетаат во Приштина, наместо во Скопје

Репрезентативците сепак нема да слетаат во Скопје. Поради густата магла, авионот со македонската фудбалска репрезентација ќе слета во Приштина. Според првичните најави, авионот од Тбилиси требаше да слета овде кратко по полноќ, по што беше преместен за 02:30 часот. Најновите информации се дека според пилотот, нема услови за слетување на Меѓународниот Аеродром Скопје,  поради малата видливост.

Играчите во нашиот главен град ќе пристигнат со автобус од Приштина.

За потсетување, тие вечерва остварија победа над Грузија, со што се пласираа на ЕП 2021.

 

Извор:  sportmedia.mk