ВИДЕО: Емотивните завршни зборови на коментаторот Стојановски – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/20 10:09 PM

ВИДЕО: Емотивните завршни зборови на коментаторот Стојановски

Во недостаток на публика на стадионите и атмосфера како што доликува за еден ваков круцијален спортски настан, коментаторите на МТВ, Стерјов-Стојановски, навистина придонесоа да се чувствуваме како да сме на „Динамо Арената“ во Тбилиси.

Емоцијата несекогаш може да се изземе од професионалноста, особено во спортското новинарство, па затоа не само што не им забележуваме на коментарите, туку напротив, им се заблагодаруваме за емотивното празнење во името на целата нација.

Завршните зборови на Тони Стојановски по последниот свиреж на судијата, одблизу и визуелизирани: